Новиот италијански фудбалски селектор, Лучијано Спалети во својот прв избор на функцијата објави поширок список од 29 играчи на кои ќе смета на предстојните квалификацикси мечеви од групата за ЕП-2024 со Македонија на 9 септември во Скопје и три дена подоцна со Украина во Милано.
Во првиот селкторски оизбор на Спалети ги нема искусните Верати, Бонучи, Жоржињо, но повратници во репрезентацијата на „азурите“ се Закањи, Бираги, Манчини и Локатели. Единствен дебитант во овој избор е Николо Казале од Лацио.