Португалскиот фудбалски интернационалец Жоао Феликс ќе обиде да се пронајде во Барселона која вечерва постигна договор со Атлетико Мадрид за позајмица на талентираниот напаѓач. Барселона и Атлетико се догворија за позајмица од една сезона, без опција да биде откуен договорот на Феликс.
Напаѓачот Феликс во Атлетико пристигна од Бенфика за 120 милиони евра, но не ги оправда очекувањата на „јорганџиите“. Минатата сезона беше испратен на позајмица во Челзи, кој се реши да не го откупи неговиот договор.
Барселона го даде денеска Ансу Фати на Брајтон, а на негово место го зема Феликс. Се очекува во Барселона да дојде и соиграчот на Феликс од репрезентацијата, Жоао Кансело.