Повеќе од една недела, дел од населбата Ѓорче Петров, односно делот кај кружниот тек кај цркавата Свети Петар и Павле, па се до надвозникот кон населбата Даме Груев е без улично осветлување.
Освен за возачите, небезбедно е и за граѓаните, особено што на тој потег има велопатеки, тротоари, детски игралишта, фитнес зона и парк за миленици кои исто така не се осветлени.
Граѓаните од овој дел од населбата се револтирани, апелираат до општината, но и до Град Скопје да го решат овој проблем, затоа што според нив станува збор за еден од најфреквентните делови од општината, па прашање на време е кога би се случила сериозна незгода.