Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Албанија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Според сеизмолозите, со послава магнитуда, земјотресот е почуствуван и во Македонија, во југо-западните делови (Охрид, Ресен, Струга, Битола).
Епицентарот на земјотресот бил на 15 километри источно од Ерсека.
Земјотресот се случил на длабочина од седум километри.