„Единствени кои што го кршат Деловникот се опозициските пратеници кои се претседатели на одредени комисии каде што со месеци, со години не се одржани седници. Постојат точки кои што ги чекат граѓаните, тие точки не се за добро на пратениците од владејачкото мнозинство или за Владата тие се точки што се во интерес на граѓаните” рече пратеникот Дарко Каевски во Тема на денот на Сител.
Тој додаде дека тие закони не го доживеаја светлото на крајот на тунелот, односно опозициски пратеници не закажуваат седници на матични комисии и сега тие истите обвинуваат за кршење на деловникот.
„Несфатливо е кога поранешен претседател на Собранието кој ако не се лажам 8 години бил претседател на Собранието не ги знаел одредбите од деловникот. Деловникот е јасен и постапувањето на актуелниот претседател на Собранието е во согласност со деловникот” изјави Каевски, осврнувајќи се на ставовите на екс-спикерот Трајко Вељаноски.
Тој рече дека повеќето од пратениците знаат, но за јавноста и граѓаните повтори дека согласнчлен 81 став 1 од Деловникот може да ја прекине претседателот седницата кога нема доволно пратеници или во случај кога ќе оцени дека тоа е неопходно.
“Во истиот член во став 5, времето за продолжување на седницата ја одредува претседателот во смисла тоа е негово дискреционо право. Па од тука јасно се гледа дека деловникот не е прекршен и претседателот постапува согласно со деловникот“ рече Каевски.