Поминаа четири месеци а мостот „Беласица“ неспособната локална власт на ДПМНЕ во Скопје се уште го нема санирано, изјави денеска советничката од СДСМ во Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева.
„Овој мост освен што е витален за сообраќајот во овој дел на градот, е клучен за парното снабдување на скопјани, под него минува главната топловодна мрежа.
Надлежните институции не можат да ги постават новите цевки само затоа што локалната власт на ДПМНЕ и Арсовска го нема санирано мостот.
Ако бргу не се санира овој мост, ризикот е скопјани да останат без навремено снабдување со парно. А сообраќајниот хаос ќе продолжи и понатаму.
На градоначалниците на ДПМНЕ воопшто не им е грижа за граѓаните.
Овој случај уште еднаш ја покажува неспособноста на локалната власт на ДПМНЕ во Скопје и нивната градоначалничка.
Во Скопје не се работи ништо, наместо да се развива Скопје уназадува.
И тоа секогаш се случува кога ДПМНЕ ќе добие доверба од граѓаните
Еден мост не можат да санираат а не да направат нов“ изјави Јанчева.