Две недели по успешното спуштање на сонда на Месечината, Индија денеска го лансираше и своето прво вселенско летало за проучување на Сонцето.
Вселенското летало Aditya-L1беше лансирано од вселенскиот центар Срихарикота во јужна Индија со цел да го проучува Сонцето на оддалеченост од околу 1,5 милиони километри од Земјата.
Леталото е опремено да ги проучува сончевата корона, хромосферата, фотосферата и сончевиот ветер, соопшти Индиската организација за вселенско истражување (ИСРО). Aditya-L1 се упати кон точката L1 на системот Земја-Сонце, што овозможува непрекинат поглед на Сонцето.
Се очекува вселенското летало да обезбедува сигурни индикации за напливот на честички и радијација поради зголемената сончева активност која има потенцијал да ги уништи електричните мрежи на Земјата. Напредното предупредување може да ги заштити сателитите кои играат важна улога во глобалната економија, како и екипажот на другите вселенски станици.