Граната што потекнува од Првата светска војна, била пронајдена од жител на Ресен во близина на бензинската пумпа во селото Сливница, објави Министерството за внатрешни работи.
„Во Полициската станица Ресен, 41-годишниот З.Ч. вчера во 14:30 часот пријавил дека кај бензинска пумпа во селото Сливница пронашол граната. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола ја подигнал гранатата и констатирал дека се работи за граната со калибар 75 милиметри, што потекнува од Првата светска војна“ се наведува во соопштението од МВР