Гневот на граѓаните да биде дополнителен поттик институциите до крај да го решат монструозниот случај со Клиниката на Онкологија

На социјалните мрежи се посилен е гневот кон одговорни лица кои со години правеле тешки злоупотреби на Клиниката на онкологија, а тој гнев треба да кулминира со протестот закажан за утре.

Она што сепак паѓа во втор план од оправданиот револт на јавноста е што по подолго време гледаме ефикасност на институциите на дело.

МВР со своите оддели, заедно со надлежното Јавно обивинителство, по допрен глас влегоа во Клиниката за онкологија, одземајќи обемна документација и компјутерска техника, а компјутери и документи беа одземени и од два приватни станови во Скопје.

Тоа значи дека се преземаат оперативни дејствија, дека се врши голема истрага која по се изгледа ќе резултира со конкретна кривична пријава и судски процес против осомничени лица.

Јавноста со право очекува епилог од ова монструозно дело, што треба да значи мотив плус институциите брзо и ефикасно да го довршат целиот случај.

Треба да знаете
Последни објави