Авион на компанијата Туркиш ерлајнс кој сообраќал на релација Истанбул-Цирих денеска во 14 часот и 45 минути принудно слетал во Белград поради медицински причини, соопштија од аеродромот „Никола Тесла“.
Надлежните аеродромски служби реагирале во најкус можен рок, а на патникот му е пружена лекарска помош.
Авионот имал неколку обиди да слета, а во моментот кога се случила несреќата се наоѓал над Темишвар, Романија.