Шпанија ја заврши одбраната на титулата светски кошаркарски првак во втората групна фаза, откако во дирекната пресметка за пласман во четвртфиналето загубија од Канада (88:85).
Селекцијата на Канада пред неколку дена беше изненадена од Бразил, денеска беше на прагот на елиминација, но во последната четвртина успеа да најде начин да дојде до победа и до прво место во групата, бидејќи има подобар меѓусебен скор од Летонија.
И главниот фаворит за титулата САД беше изненаден. Загуби од Литванија (110:104) и ја избегна Србија во четвртфиналето.
Четвртфинале СП:
Италија – САД
Германија – Летонија
Литванија – Србија
Канада – Словенија