Муани поради повреда денеска не дебитира за ПСЖ

Новиот фудбалер на ПСЖ, Рандал Коло Муани, нема да дебитира денеска за парискиот клуб, откако го повреди скочниот зглоб, соопшти францускиот првак.

-Рандал Коло Муани, 11. Летно засилување на ПСЖ, ќе остане на лекување во следните неколку денови, се наведува во клупското соопштение.

Францускиот фудбалски првак ПСЖ во завршните моменти од летниот преоден рок го комплетираше трансферот во своите редови на 24-годишниот Муани од Ајнтрахт Франкфурт.

Францускиот напаѓач со клубот од Париз потпиша договор на пет години, а вредноста на трансферот се проценува на 90 милиони евра.

-Прекрасно е да се вратиш таму каде што сè започна. Нестрплив сум да заиграм во боите на овој клуб, рече францускиот репрезентативец Муани, кој е роден во париското предградие Бонди.

Муани досега има девет натпревари во дресот на француската репрезентација и постигна еден гол, и тоа во полуфиналето на ланското Светско првенство во победата од 2-0 над Мароко.

Треба да знаете
Последни објави