Вечерва во 18.20 часот нов земјотрес го потресе регионот на Благоевград во Бугарија, кој внесе вознемиреност и во источниот дел на Македонија. Најновиот потрес беше и најсилен денеска, со 4,4 степени по Рихтер.
Претпладнево имаше неколку потреси, а најсилниот беше со сила од 3,9 степени по рихтеровата скала, кон исто така ги вознемири граѓаните во делчевско-пехчевскиот и беровскиот регион, а беше почувствуван со мал интензитет до Кочани.
Епицентарот на земјотресите е кај местото Симитли јужно од Благоевград.