„Физиолошки раствор за здравствениот систем што не убива сите“, „Немам врски, немам лек“, „Психопати во бели мантили“,„Убивате за профит”, „Колку вреди човечкиот живот”, „Онкологија=профит”, „Разбуди се мој народе“, Нема да молчам! Со вакви пароли попладнево од 18 часот пред зградата на Владаат се собраа револтирани граѓани од криминалните случувања на Клиниката за онкологија. МВР и Јавното обвинителство започнаа истрага откако влегоа во Клиниката и прибираа доказен материјал.
Според однапред најавената маршута граѓаните ќе направат протрестен марш од Владата до Министерството за здравство. Граѓани бараат оставка од актуелниот, а одговорност за претходните министри за здравство.
Насобраните револтирани граѓани се згрозени од информациите кои се споделуваат во јавноста дека некои луѓе од Клиниката за радиологија и онкологија, лекари, медицински персонал и административци, ја погазиле лекарската и воопшто, човечката етика со цел да се збогатат на мака од болните со тешки форми на рак.