Повеќе хрватски медиуми јавуваат дека македонскиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми се враќа во поранешниот клуб Динамо Загреб.
Адеми, наводно бил незадоволен од условите во Кина, па е решен да се врати во својот „дом“ како екстра засилување на загрепчаните за Лигата на конференции.
„Се надеваме дека денес ќе ја завршиме работата со Адеми“, била изјавата на извори од клубот за неколку хрватски медиуми.