Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка за двајца браќа од скопско Ржаничино кои со употреба на сериозна закана по живот кон еден оштетен и неговото семејство му изнудувале парични средства за наводен долг.
Како што информираат од ОЈО Скопје, заканувајќи се, тие кај оштетениот предизвикале чувство на несигурност и страв и го принудиле да им даде дел од бараните пари. За нив постои основано сомнение дека сториле кривично дело „изнуда“.
– Двајцата браќа од скопско Ржаничино, на возраст од 27 и 22 години, како соизвршители, во временскиот период од 5 јуни до 31 август, на различни локации во Скопје со употреба на сериозна закана по живот кон еден оштетен и неговото семејство му изнудувале парични средства за наводен долг. Заканувајќи се, тие кај оштетениот предизвикале чувство на несигурност и страв и го принудиле да им даде дел од бараните пари, стои во соопштението од ОЈО.
Оттаму дополнуваат дека за двајцата осомничени е доставен прeдлог за определување мерка притвор, оценувајќи дека постои опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците и соучесниците и можност да го повторат делото.