Попладево стотици граѓани низ Скопје го искажаа својот револт од нехуманите и монструозни постапки на вработени на Клиниката за онкологија, барајќи правда и одговорност.
И додека ожалостените семејства и роднини бараа правда за нивните најблиски на протестот беше и претседателот на партискиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов.
Како што покажува фотографија објавена на социјалните мрежи, Пандов е во средина на голема група граѓани, широко насмеан и очигледно добро расположен.
Додека синови и ќерки, браќа и сестри тагуваа, додека мајки буквално паѓаа во несвест од болка и гнев, Пандов на маргините тераше лична кампања и судејќи по фацијалната експресија, очигледно не беше нималку засегнат од скандалот што последните денови ја тресе државата.
Таквиот став на Пандов наиде осуда во јавноста и на социјалните мрежи.