Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз обезбеди пласман во четвртфиналето на четвртиот сезонски гренд-слем турнир УС Опен, без поголеми проблеми во дуелот со 22-годишниот Италијанец Матео Арналди гого со елимин ира со максимални 3:0 во сетови.
Алкараз првите два сета против Италијанецот ги доби со 6:3, правејќи во шестиот гем за 4:2. Арналди, конечно, стигна до брејк за 2:1 водство во третиот сет, но веднаш потоа загуби гем на свој сервис, за во осмиот гем Шпанецот да направи брејк за рутинска победа. Следен противник за Алкараз ќе биде подобриот од мечот помеѓу Александер Зверев и Јаник Синер.