Во главниот град на Кенија, Најроби денеска почна првиот Африкански самит за климата, во време кога климатските промени се едно од најважните глобални прашања, а најмногу ја погодуваат Африка иако најмалку придонесува за тоа.
Повеќе од десет шефови на држави ќе учествуваат на Самитот со цел да се направи поголемо глобално влијание и да се соберат многу повеќе финансии и поддршка.
На Самитот, што ќе трае до 6 септември, учествуваат и млади луѓе кои побараа поголема вклученост во процесот.
– Ова е наше време, изјави Митика Мвенда од Пан-африканската алијанса за климатска правда, истакнувајќи оти континентот добива околу 16 милијарди долари годишно за климатскиот сектор, што е многу помалку од она што е потребно и е „дел“ од буџетот на некои компании кои загадуваат.
На Африканскиот сами за климата ќе учествуваат и генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш и претставникот на американската влада за климата Џон Кери.