Наместо да ја поздрави акцијата на надлежните институции за расчистување криминал на клиниката за Онкологија Мицкоски се обидува да ја политизира, злоупотребувајќи ги болните, велат од владејачката СДСМ како реакција на тврдењата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Очигледно поврзувањето на Мицкоски на акцијата со ново барање за избори е само за да не се реши овој случај, кој се отвора за прв пат после 20 години.
Грозоморната шема била воспоставена пред многу години и сега е време секој што се огрешил да се соочи со одговорноста и да биде изнесен пред лицето на правдата.
Дали Мицкоски се плаши од тоа што ќе го покаже истрагата за Онкологија, за се она што се правело години наназад?“ прашуваат од СДСМ.