Сибирската тигрица Надја угина во длабока старост во скопската Зоолошка градина, со жалење изестија од Управата на оваа институција . Од Зоолошката нагласија дека Надја била еден од најстарите тигри во Европа.
-Надја во скопската Зоолошка градина пристигна од Будимпешта во 2010 година, кога имаше осум години во тогаш новоизграденото живеалиште за тигри по светски стандарди. Во Скопје ЗОО живееше заедно со својата ќерка Ана и како една од најстарите жителки на градината беше миленичка на сите вработени – соопштија од скопската Зоолошка градина.
Сибирската тигрица Надја е родена 2002 година во Франција, а во Скопје живееше цели 13 години.
Овој вид крупни ѕверови -тигри во просек живеат околу 10-12 години во дивина, а од 16-18 години во зоолошките градини.
-Нашата Надја имаше речиси 21 година и за неколку години ја надмина просечната граница на векот на живеење. Најдолг животен век на овој вид во заробеништво досега е забележан кај мажјак сибирски тигар кој живеел 23 години – информираат од Зоолошката градина.