Бугарскиот конзул положи цвеќе на споменикот на бугарските туристите кои се удавија во бродската несреќа на Охридското езеро

Генералниот конзул на Република Бугарија во Битола, Николај Димитров денес во Охрид положи цвеќе на споменикот  посветен на бугарските туристите кои пред 14 години се удавија во несреќата што се случи на Охридското езеро.

На 5 септември 2009 година во бродската трагедија при потонување на бродот „Илинден“ во близина на автокампот Елешец, трагично ги загубија животите 15 туристи од Бугарија.

Туристичкиот брод се преврте на околу 200 до 300 метри од брегот, а во моментот на несреќата на него имало 73 патници, иако тој имал дозвола за превоз на максимум 45 лица.

Треба да знаете
Последни објави