Во Скопје санкционирани 127 возачи , 23 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (04.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. 

На територија на град Скопје изречени се вкупно 127 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 23 санкција, 12 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Треба да знаете
Последни објави