АД ЕСМ соопшти дека е подготвен, по добиена дозвола од Градот Скопје, да ги постави новите топловодни цевки на мостот „Беласица“ и ќе вложи максимални напори нивната монтажа да се заврши во најкраток можен рок.
Од АД ЕСМ потенцираат дека опожарувањето на мостот не е причина за одложување на стартот на следната грејна сезона, која почнува во октомври 2023, и сите потрошувачи ќе имаат сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија.
-ЕСМ во изминатиот период во целост го заврши отстранувањето на опожарениот топловод на мостот „Беласица“ како и сите подготвителни активности за поставување на нови топловодни цевки кои се веќе пренеси на локацијата, посочуваат во соопштението.
Инаку, мостот „Беласица“ од саботата, 2 септември, е отворен за сообраќај само за лесни возила во двете крајни коловозни ленти. Од ЕСМ велат дека двете средишни коловозни ленти ќе бидат отворени во моментот кога ќе завршат градежните работи.
Мостот „Беласица“ беше затворен за сообраќај четири месеци откако на 12 мај избувна пожар