Полскиот министер за одбрана одобри договори за набавка на воена опрема

Полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак одобри неколку договори за нова опрема за подобрување на системите за противвоздушна одбрана на земјата, објавија полските медиуми.

Договорите, потпишани на Меѓународната изложба за одбранбена индустрија во јужниот град Киелце, опфаќаат разновидна опрема, вклучително и противвоздушни ракетни системи со краток дострел и речиси 1.700 беспилотни летала.

Полската влада сака да ја модернизира својата противвоздушна одбрана и во 2018 година ја започна програмата за воздушна одбрана со среден дострел Висла.

-Многу сме задоволни што полската Армија се развива на таков динамичен начин, рече Блашчак на церемонијата, додавајќи дека потпишаните договори ќе ја зајакнат безбедноста на Полска.

Тој додаде дека договорот за изградба на повеќестепен систем за противвоздушна и противракетна одбрана заслужува посебно внимание.

Блашчак, исто така, рече дека веќе го одобрил договорот за втората фаза од системот Патриот, кој е дел од програмата Висла.

Повеќестепениот систем за противвоздушна одбрана ќе се состои од ракети со среден дострел од американско производство, ракети со краток дострел „Narew“ и ракетни платформи со многу краток дострел „Poprad“ и „Pilica“. 

Треба да знаете
Последни објави