Поради недостиг на средства, Светската програма за храна ќе ја скрати помошта за уште два милиони Авганистанци

Светската програма за храна при Обединетите нации (WFP) во Авганистан е принудена да направи кратења во септември поради големиот недостиг на средства, што ќе погоди уште два милиони луѓе, се вели во соопштението на организацијата. Со ова вкупниот број на луѓе погодени од намалувањето на поддршката на WFP оваа година на 10 милиони.

– Со малкуте ресурси што ни преостануваат, не сме во можност да им служиме на сите луѓе кои се на работ на целосна беда, изјави Хсијао-Веи Ли, директор на WFP во Авганистан.

Кратењата значат дека 1,4 милиони бремени жени и нивните деца повеќе не добиваат специјализирана храна наменета за спречување на неухранетост, објави агенцијата.

– За следните шест месеци, на WFP му требаат една милијарда долари за да обезбеди храна и поддршка за 21 милион луѓе, додаваат во соопштението.

Авганистан страда од последиците од 40 години конфликт, осакатена економија и ефектите од климатската криза.

WFP ги повика земјите-донатори да дадат приоритет на финансирањето за хуманитарни операции на годишното Генерално собрание на ОН во Њујорк оваа есен. 

Треба да знаете
Последни објави