Едно лице загина, а едно лице се води за исчезнато по невремето Даниел, што ја зафати Грција.
Според првичните информации, 70-годишен сточар загинал во областа Агиос Георгиос во Ано Волос кога бил згмечен од ѕид до својата куќа, кој се урнал поради големото количество вода.
Според информациите, сточарот се обидувал да им пријде на своите животни.
Уште едно лице е исчезнато во реонот на Волос кога неговиот автомобил бил однесен од порој, јавува „Прототема“.
Најтешка е состојбата во Волос, каде што се поплавени улици, куќи и возила, а уништени се и многу дрвја.
Метеоролозите најавуваат дека лошото време ќе се задржи и во следните неколку часа.
Утрово беше испратена порака до луѓето во Пиерија, Тесалија, Споради, Евија и Фтиотида драстично да го ограничат движењето бидејќи лошото време Даниел е во полн ек.
Градоначалникот на Волос го повтори апелот луѓето да останат дома, а на „Фејсбук“ објави фотографии од хаосот по невремето.