Во градот Линц, поточно во областа Линц-Ланд, разбиена е радикална исламистичка група од десет члена, соопшти австриската управа за државна безбедност и разузнавање (ДСН).
Девет мажи и една жена на возраст меѓу 15 и 23 години наводно биле вмешани во терористичките организации Исламска држава (ИД) и Емирати Кавказ. Еден 18-годишник веќе е во притвор, пренесува Кроатив.
Осомничените се од Австрија, Турција, Ирак, Руската Федерација и Хрватска (имаат државјанство на тие држави) или се без државјанство. Тие живеат во областа Линц-Ланд, а некои имаат криминални досиеја.
Според соопштението на ДСН, осомничените „воделе кампања за терористички групи“ и наводно поставиле посебна просторија за молитва украсена со знамето на ИД. Десетици мобилни телефони, лаптопи, персонални компјутери, други носачи на податоци и пропаганден материјал беа одземени при претреси на куќи на почетокот на јули.
Против осомничените се води истрага поради сомнение за сторено кривично дело криминална и терористичка организација.
Од Управата за заштита на Уставот се уште не сакаат да ги обелоденат сите детали во јавноста.