Средба на Пендаровски со претставници на иницијативата „Подобро за Тетово”

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претставници на иницијативата „Подобро за Тетово” кои ги претставија своите тековни активности.

Претставниците на иницијативата ги истакнаа своите барања за побрзо институционално разрешување на случаите со автобуската несреќа кај Ласкарци во 2019, случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово и автобуската несреќа во Бугарија во 2021 година и последните случувања на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија.

На средбата претседателот Пендаровски ја нагласи важноста на почитување на приципот на владеење на правото, во насока на изградба на функционална правна држава. Претседателот Пендаровски упати апел до надлежните институции за целосно, брзо и ефикасно расчистување на сите случаи и неселективна и праведна казна за одговорните.

Треба да знаете
Последни објави