Германски турист, 22-годишен маж, ја оштетил познатата фонтана Нептун во Фиренца додека се искачувал на знаменитоста за фотографирање.
Градските власти соопштија дека младиот човек во неделата вечерта се качил на фонтаната за да се слика, но притоа скршил дел од мермерот на кочијата.
Кога скокнал на коњот го оштетил и копитото. Штетата се проценува на 5.000 евра, а туристот се соочува со висока парична казна.
Вандалот бил откриен со помош на надзорни камери.
Градоначалникот на Фиренца, Дарио Нардела објави една од фотографиите од Фејсбук профилот на младиот човек, со поцрнето лице.
„Нема оправдување за непристојноста и вандализмот кон културното наследство“, напиша градоначалникот.
Октогоналната фонтана датира од 16 век и темелно е реновирана во 2018 година.