Најдобриот светски тенисер, Србионот Новак Ѓоковиќ се пласира во полуфиналето на последниот, четврти сезонски гренд-слем турнир УС Опен откако по 156 минути игра го совлада Американецот Тејлор Фриц со 6:1, 6:4 и 6:4.
Ѓоковиќ успеа да дојде до својот 47 полуфинален настап на гредн-слем турнирите, со што го престигнува Роџер Федерер и стана најдобриот во историјата на тенисот според овој статистички податок.
И тоа не е се кога станува збор за Ѓоковиќ, кој продолжи да атакува на 24. гренд-слем титула, со што би ја зголемил предноста и во оваа категорија пред Шпанецот Рафаел Надал и Швајцарецот Роџер Федерер.
Ѓоковиќ в петок ќе го игра своето 13. полуфинале на УС Опен каде има освоено три трофеи. Противник ќе му биде подобриот од американската пресметка меѓу Френсис Тијафо и Бен Шелтон.