Анкетна комисија во Собранието ќе утврдува дали во скандалот на Клиниката за онкологија има и политичка одговорност

Анкетна комисија во Собранието ќе утврдува дали во скандалот на Клиниката за онкологија има политичка одговорност и дали на пациентите им биле загрозени човековите права. Барањето за формирање Комисја дојде од редовите на опозициската ВМРО – ДПМНЕ. Комисијата ќе ја сочинуваат 14 пратеници, шест од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ, два од ДУИ и еден од Алијанса за Албанците.

Собранието на барање на опозицијата, го усвои и предлогот да се разгледа извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за работењето на Клиниката за онкологија во 2021 година кој е објавен уште пред пет месеци – во април. Во извештајот се нотирани повеќе пропусти во начинот на функционирањето на Клиниката.

Треба да знаете
Последни објави