Во Дубаи е изградена најголемата вертикална земјоделска фарма во светот, фармата Бустаника, лоцирана во предградието на градот, каде што се одгледуваат растенија без употреба на почва, користејќи само вода и соларни светилки.
Површината на фабриката Бустаника е 10.000 метри квадратни, а оперативната површина е 28.500 метри квадратни метри. Во градината се одгледуваат зелена салата, спанаќ, кељ, рукола, магдонос, коријандер, нане и други слични тревести растенија.
Идејата дека земјоделците во ОАЕ, која е речиси целосно пустинска земја со исклучително малку обработливо земјиште, одгледуваат зелена салата е во најмала рака невообичаена, а уште поневообичаено е што тоа го прават многу успешно. Само во фармата Бустаника, за чија изградба беше потребно да се издвојат околу 40 милиони долари, годишно се произведуваат повеќе од еден милион килограми зеленчук. Посебно е интересно што употребата на пестициди, хербициди, фунгициди и други слични хемикалии е целосно елиминирана во производниот процес. За време на одгледувањето се користи свежа филтрирана вода, а квалитетот на салатите го надминува органскиот зеленчук и може да се конзумира без да се мие – директно од пакувањето.
Тимот зад Бустаника е составен од врвни експерти од целиот свет.
Поради недостигот на вода во ОАЕ, вертикалното земјоделство се покажа како многу важно. Тоа е решение кое ја надминува климата во земјата и овозможува да се произвдува она што е потребно за сите 12 месеци од годината.
Вертикалното земјоделство користи 95 отсто помалку вода, користи до 80 отсто помалку простор, троши помалку енергија и користи помалку пестициди.
Директорот на производство на Бустаника, Роберт Фелоус, по потекло од Велика Британија, вели дека вертикалното земјоделство значи производство во затворени простори. За да се обезбеди најдобар можен принос, исклучително значење се придава на прецизната контрола на температурата, влажноста на воздухот, околината на растенијата, интензитетот и квалитетот на осветлувањето, како и на прихраната на растенијата.
Тој елемент на прецизност овозможува одгледување здрави растенија и максимален можен принос во минималниот простор. Вертикалната природа на одгледувањето значи дека е можно да се произведе поголема количина на растенија на помала површина.
Дубаи инаку наскоро ќе биде домаќин на климатскиот самит COP 28, кој ќе се одржи од 30 ноември до 12 декември. Според проценките, конференцијата ќе собере околу 200 различни нации, а Емиратите ќе имаат добра можност да донесат иновативни и одржливи решенија заедно со другите земји со цел побрзо и поефикасно постигнување на целите од Парискиот договор, кои се членки земјите на Обединетите нации за климатски промени (UNFCCC) потпишани во 2016 година.