Како што дознава 24инфо од свои извори, завршена е изградбата на основното училиште во турскиот град Малатија кое беше изградено со средства донирани од Македонија како солидарност од македонските граѓани и компании.
Малатија беше еден од неколкуте погодени градови од страотниот земјотрес што ја погоди Турција во февруари оваа година.
Покрај името на училиштето, во знак на благодарност за донациите од Македонија, 32те училници во училиштето ќе бидат именувани по македонските градови.