Руската противвоздушна одбрана (ПВО) уништи две беспилотни летала над регионите Калушка и Твер, кои граничат со московскиот регион, како и едно близу главниот град, над областа Истра во Московската област, соопшти руското Министерство за одбрана.
– Руската противвоздушна одбрана уништи вкупно три беспилотни летала кои се обидоа да ја нападнат Москва рано утринава, а нема повредени, изјави градоначалникот Сергеј Собјанин.
Тој рече дека силите за противвоздушна одбрана го уништиле дронот во регионот Твер во областа Завидово, кој летал во правец на Москва, при што нема жртви или материјална штета.
Градоначалникот напомена и дека на местото на настанот веднаш излегле итните служби.
Според руски медиуми, официјалната резиденцијална палатата на рускиот претседател Владимир Путин – „Рус“ се наоѓа во Завидово.
Руските новински агенции јавија дека речиси 50 летови биле откажани или одложени рано утринава од четири големи аеродроми во близина на Москва.