Репрезентацијата на Србија е првиот полуфиналист на Светското првенство во кошарка, откако денеска ја победи репрезентацијата на Литванија со резултат 87:68.
Српските репрезентативци во полуфиналето ќе вкрстат со победникот од четвртфиналниот дуел Канада – Словенија кој се игра утре.
Во вториот натпревар од денешната четвртфинална програма се среќаваат САД – Италија, со почеток во 14.40 часот.