Македонската одбојкарска репрезентација вечерва од 20.00 часот ќе го одигра последниот натпревар од групната фаза на Европското првенство, а противник ќе биде репрезентацијата на Чешка, со која имаме ист број на бодови.
Победа над Чешка ќе значи дека Македонија ќе биде третопласирана и со тоа ќе ја избегне Италија во осминафиналето.
Со триумф вечерва, во осминафиналето ќе се избегне еден од првите фаворити за злато, а нашите одбојкари ќе вкрстат со репрезентацијата на Србија.
Осминафиналната фаза ќе се одигра во Бари, а нашите одбојкари таму ќе настапат на 10 септември.