Силно невреме на Балканот: Бранови од два метри, поплавени хотели, расте бројот на загинати во Грција, Турција и Бугарија

Грција, Турција и Бугарија се погодени од силно невреме и поплави во кои загинаа најмалку седум лица, вклучително и двајца туристи во камп во северозападна Турција.

Али Јерликаја, турскиот министер за внатрешни работи, изјави дека уште четири лица се исчезнати во камп во провинцијата Киркларели, во близина на границата со Бугарија, по поројните поплави. Според него, во кампот во моментот на поплавата имало 12 лица.

Телевизиските снимки покажаа дека спасувачите носат девојка и возрасен на безбедно од водата која во некои области достигнала до половината.

Поради дождот оштетен и затворен е и еден главен пат, јави телевизијата Хабер Турк .

Грчката полиција во вторникот нареди возила да се тргнат од улиците на централниот град Волос, блискиот планински регион Пелион, како и на туристичкиот остров Скијатос, бидејќи силната бура Даниел ја погоди областа, претворајќи ги улиците во поплавени поројни дождови предизвикаа најмалку два смртни случаи, а автомобилите беа однесени од поплавите. Властите испратија сигнали преку мобилни телефони до неколку други области во централна Грција, предупредувајќи ги луѓето да останат во своите домови. Властите евакуираа пензионери дом во Волос како мерка на претпазливост.

Метеоролозите предупредија на најобилните врнежи досега во Грција. Само Загора имала повеќе од 500 милиметри дожд во еден ден, кога годишното количество на врнежи во Атина е околу 400 милиметри.

На подрачјето на Пелион во југоисточниот дел на Тесалија во централна Грција е забележано најголемо количество на врнежи во последните 24 часа од почетокот на мерењата, со над 754 милиметри дожд на метар квадратен.

Ова што се случува во Тесалија е исклучително екстремен феномен, како по обем и по интензитет на врнежите, така и по времетраење – изјави за „Катимерини“ Костас Лагувардос, директор за истражување во Атинската опсерваторија.

И Бугарија е силно погодена од невремето. Силниот ветер предизвика бранови од два метри на плажите во туристичките места. Бугарскиот премиер Николај Денков изјави дека две лица загинале, а три се водат како исчезнати по невремето кое предизвикало поплави на јужниот брег на Црното Море. Службите за итни случаи трагаат, соопшти бугарското МВР.

Излевањето на реките предизвика големи штети на патиштата и мостовите.

На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како автомобили и кампери завршуваат во морето во одморалиштето Царево. Властите во Царево прогласија вонредна состојба и ги повикаа луѓето да одат на повисоките катови бидејќи приземјето на некои хотелите се поплавени.

Треба да знаете
Последни објави