Економските загуби на Кина од природните катастрофи во јули и август се искачија на 10,31 милијарди долари

Директните економски загуби на Кина поради природни катастрофи во јули и август се зголемија на 10,31 милијарди долари, што е речиси двојно повеќе од загубите за првите шест месеци, соопшти денеска кинеското Министерство за вонредни ситуации.

Северна Кина, вклучително и Пекинг, е најтешко погодена од поплави по рекордните врнежи од дожд донесени од тајфунот Доксури кон крајот на јули.

Речиси 8,9 милиони луѓе во Кина беа погодени од природни катастрофи минатиот месец, вклучително и поплави, со 168 загинати или исчезнати.

Кина едвај се опорави од минатомесечните поплави, а веќе овој месец ја погодија нови поплави кои ги донесе тајфунот Хаикуи, особено јужните провинции Гуангжу и Фуџијан каде падна рекордно количество дожд.

Поплавени се 4.195 хектари обработливо земјиште во Фуџиан, предизвикувајќи штета од 75 милиони долари, објавија кинеските државни медиуми.

Треба да знаете
Последни објави