Во месец август 2023 година остварен е вкупен даночен приход од 9,23 милијарди денари што е за 26,03 % повисок приход во однос на истиот месец лани и за 6,88 % повеќе од планираниот приход, објави директорката на УЈП, Сања Лукаревска на својот Фејсбук профил.
„Ваквите податоци покажуваат интензивирање на економската активност и стабилност на државниот буџет што пак од друга страна придонесува да се обезбедат поквалитетни услуги за граѓаните, средства за реализација на нови проекти, мерки за поддршка на бизнис секторот, за вложување во поквалитетни услуги во здравството, субвенции за земјоделците и слично“ додава Лукаревска.