Голема акција во Босна и Херцеговина: Кај полицаец пронајдени четири килограми дрога, траат претресите низ земјата

Припадници на Федералната полициска управа од утрово вршат претреси во реонот на Живиница, а според досегашните информации кај еден полицаец биле пронајдени дури четири килограми дрога, пренесуваат босанските медиуми.

Како што беше соопштено, полицаецот кај кого е пронајдена дрогата е вработен во Централната полициска станица во Тузла, а имало индиции дека бил инволвиран во незаконски активности од порано.

Акцијата во областа Живиница се спроведува по налог на Обвинителството на кантонот Тузла.

Официјално, тој се уште не е уапсен, но е приведен и е под кривична истрага.

Исто така, полицијата претресува сомнителни објекти во остатокот од Босна и Херцеговина.

Треба да знаете
Последни објави