Манифестацијата Тиквешки гроздобер 2023 започнува утре во Кавадарци и ќе трае три дена.
Кавадарци подготвено ќе ги дочека бројните гости и ќе ги почести со грозје. На трите влеза во градот ќе бидат поставени пунктови, каде гостите во знак на добредојде ќе добијат на подарок по едно пакетче со асталско бело и црно грозје.
Програмата започнува утре од 12 часот со кошаркарски турнир ,,Сестри Китеви’, а потоа продолжува со низа на културни и забавни настани.
Во полициското паркче ќе има настан ,,Скара и музика” со настапи на бендови, а од 20 часот започнува програмата на градскиот плоштад со настап на Андријана Јаневска. Истата вечер ќе настапат и ДНК, Слаткаристика и Зера.
В сабота ќе се одржи традиционалниот карневал, а вечерта настапуваат Барбара Ракичевиќ, Мартија Станојковиќ, Харис Џиновиќ и Халид Бешлиќ.
В недела од 10 часот започнува изложбата на олд тајмери, а вечерта настапуваат Лина Пејовска, Дарко Лазиќ и Лепа Брена.