Унгарија оствари важна победа во квалификациската група Г за ЕП-2024 на гостувањето во Белград, против Србија (2:1). До победата Унгарија стаса со пресврт направен за две минути уште во првото полувреме. Фаворитите Франција, Холандија и Полска не ја пропуштија шансата на домашен терен да остварат сигурни победи.
Србија поведе со автоголот на Салаи во 10. минута, но Варга и Орбан постигнаа голови во 34 и 36. минута за целосен пресврт. Со оваа победа, Унгарците имаат три бода повеќе од Србија.
Албанија се избори за реми (1:1) на гостувањето кај Чешка. Чесите поведоа со погодок на Черни во 56. минута, десет минути подоцна Бајрами израмни.
Грција доживеа очекуван пораз на гостувањето кај Холандија (3:0). Де Рон, Гакпо и Вегхорст ги постигнаа головите за лалињата, сите во првото полувреме.
Франција со голови на Чуомени и Турам ја совлада Република Ирска со 2:0. Словенија со 4:2 беше подобра од Северна Ирска.
Полска со 2:0 славеше над Фарските острови, а Данска со убедливи 4:0 беше подобра од Сан Марино.