Специјалниот претставник на Европска Унија за Дијалог помеѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, синоќа изјави дека имал долг и суштински разговор со главниот преговарач на Приштина, Бесник Бислими, како подготовка за средбата на високо ниво следната недела.
– Благодарност до вицепремиерот Бислими Бесник за денешниот состанок во Брисел, напиша Лајчак на платформата Икс (Твитер).
Тој додаде дека во текот на разговорот главен фокус им бил како да се подобри нормализацијата на односите помеѓу Белград и Приштина.