Николовски: Креираме предлог мерка за поддршка од најмалку 12.000 денари по хектар за винско и трпезно грозје

„За мене и министерството лозарството е еден од најзначајните сектори и денес токму од тука сакам да упатам порака дека ниту еден лозар нема да биде оставен сам. Она што можам да го најавам е дека министерството веќе креира мерка за поддршка на лозарите. Идејата е да овозможиме финансиска поддршка  за произведено винско грозје, но и за првпат и за произведено трпезно грозје и тоа од најмалку 12.000 денари по хектар. По завршување на бербата, кога ќе ги имаме точните бројки, заедно со подсекторската група ќе ја поготвиме мерката и ќе ја предложиме на усвојување до Владата”, истакна министерот Николовски кој денес учестуваше во процесот на берба на грозје во неготинско, во месноста Лепово, на лозовите насади од винаријата Бовин које е корисник на средства од ИПАРД програмата.

Тој посочи дека оваа година за прв пат се почна со примена на новиот модел на субвенции. Па така лозарите ќе добијат 30% или 12.000 денари до крајот на годинава, а остатокот од 28.000 денари, ќе им се доисплати во февруари, традиционално како и секоја година за празникот Св. Трифун. 

Неодамна беше усвоена десетгодишната Национална стратегија за развој на винарството и лозарството 2023-2033, која има амбициозни цели: зголемување за 50% во литри и евра на извозот на вино во шишиња, зголемување за 10% на вредноста на наливното вино во евра, воспоставување на најмалку три заштитени географски ознаки, минимум 10% од виното пуштено во промет да носи географска ознака до крајот на 2033 година, за минимум 30% обновуање на лозовите насади и зголемување за 5% на површината под лозови насади и 4% од лозовите насади да произведуваат органско сертифицирано винско грозје.

Министерот Николовски ги повика  лозарите и сите заинтересирани да ја искористат можноста која ја нуди ИПАРД 3 програмата, Мерка 1, која поддржува подигање на лозови насади, при што заинтересираните треба да ги исполнат условите кои се пропишани во повикот. Пред се мора да се регистрирани во ЕРЗС и да поседуваат минимум 1 хектар обработливо земјиште. Мерка  1 предвидува и набавка на трактори, што е уште една можмост за лозарите да аплицираат на повикот и да ја искористат поддршката. Сите потребни детали се наведени во јавниот повик кој е достапен на веб страната на Министерството, Платежната агенција и телото за управување со ИПАРД. Повикот трае до 15. октомври со можност да биде продолжен до 1. ноември.

Треба да знаете
Последни објави