По повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Северна Македонија, во организација на Владата на Република Северна Македонија, под мотото: „Гласник на слободата“, вечерва ќе се одржи Свечена академија „32 години независност“, во Филхармонија на Република Северна Македонија, со почеток во 18:30 часот.
На Свечената академија ќе се обрати претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, а свои обраќања ќе имаат:
• Проф. д-р Александар Литовски, од Институтот за национална историја,
• Проф д-р Искра Пановска – Димкова, од Филолошки факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, раководителка на Катедрата за македонски јазик.
Во рамки на Свечената академија, ќе има и културно уметничка програма, информираат од прес службата на Владата.