Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди северниот дел на Чиле, но засега нема информации за штети или повредени, јавува американската телевизија Еј-би-си.
Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот се случил во средата во 20:48 часот по локално време, а неговиот епицентар бил на 41 километар југозападно од градот Кокимбо.
Земјотресот бил на длабочина од 41 километар.
Потресот го погоди регионот на „огнениот прстен“, снема струја по целиот брег
Националната канцеларија за вонредни состојби на Чиле не извести за штета или повредени.
Чиле се наоѓа во таканаречениот „Огнен прстен“ на Пацификот и доживува чести земјотреси. Во 2010 година, земјотрес со јачина од 8,8 степени според Рихтеровата скала и цунамито што следеше однесе 526 животи, потсетува Еј-би-си.