Турција: спасувачите трагаат по американски спелеолог заробен под земја

Повеќе од 170 спасувачи се во акција во Турција и се обидуваат да спасат американски спелеолог заробен на длабочина од повеќе од 1.000 метри во пештера на југот на земјата, откако му се слошило за време на меѓународна експедиција.

Марк Дики (40) е заробен од саботата и не може сам да ја напушти пештерата Морка во планините Таурус во провинцијата Мерсин поради гастроинтестинално крварење, соопшти Европската асоцијација за спасување пештери.

Во соопштението за печат се наведува дека Дики е „високо обучен спелеолог“ и дека и самиот е спасител, пренесува АП.

Се додава дека тој е добро познат по учеството во многу меѓународни експедиции и дека е секретар на лекарскиот комитет на тоа здружение.

Дики беше на експедиција на мапирање на системот на пештерата Морка длабока 1.276 метри за Здружението на анадолските спелеолошки групи (ASPEG) пред да му се слоши на околу 1.000 метри.

Турската агенција за помош при катастрофи АФАД и спасувачкиот тим УМКЕ работат со турски и меѓународни спелеолозите на планот да се извлече Дики од пештерскиот систем.

Јусуф Огренечек од Спелеолошката федерација на Турција за АП изјави дека состојбата на Дики се стабилизирала и дека тој е со „добар дух“.

Треба да знаете
Последни објави