Синоќа заврши групната фаза на Европското првентство во одбојка и познати се сите осминафинални пресметки кои ќе се одиграат во Италија.
Македонските одбојкари ќе се соочат со селекцијата домаќин и еден од фаворитите за највисок плсаман – репрезентацијата на Италија.
Во останатите дуели ќе се сретнат:
Хрватска – Романија, Франција – Бугарија, Словенија – Турција, Холандија – Германија, Португалија – Украина, Полска – Белгија и Србија – Чешка.
Финалето на ЕП во одбојка е закажано за 16 септември.