Новиот италијански фудбалски селектор Лучијано Спалети кој на актуелниот првак во Серија А, Наполи му ја донесе првата титула по пауза од 33 години посочи дека македонскиот репрезентативец од редовите на тимот под Неапол, Елиф Елмас му е како син и многу емоции ќе има утре кога ќе се прегрнат. Спалети како тренер на Наполи во изминатата шампионска сезона најчесто го користеше Елмас како џокер од клупата, ама успеваше да му најде место на секоја позиција. Македонскиот репрезентативец со шест гола и три асистенции во минатата сезона учествуваше во освојувањето на „скудетото“.
Во пресрет на утрешниот квалификацски меч од групата за Европското првенство – 2024, меѓу Македонија и Италија кој ќе се одигра на „Тодор Проески“ во Скиопје, италијанскиот селектор на вечерашната прес-конференција порача:
– Елмас ми е како син. Со него го освоивме на прекрасен начин „скудетото“. Во Наполи јас секогаш можев да се потпрам на него и да ги искористам неговите квалитети. Утре кога ќе се прегрнеме секако дека ќе имам силни емоции. Тој е еден исклучителен играч, кој добро ги познава своите соиграчи. Станува збор за многу силен играч, но исто така очекувам и другите играчи на Македонија да одиграат добар меч, рече Спалети.